Фронтменот на Калуш оркестра, кој победи на синоќешниот избор за песна на Евровизија, се збогува со девојка си пред хотел во Италија и заминува на фронтот во Украина против Русија.

Олег Псиук, фронтменот на фолк рап-групата, е фотографиран како ја прегрнува својата девојка Олександра пред хотел во Торино, пред да ѝ се приклучи на украинската армија.

Носејќи ја препознатливата розова капа и со ранец, Псиук го напушти Торино.

Зборувајќи за победата, на прес-конференција во живо, фронтменот Псиук рече: „Би сакале да им се заблагодариме на сите што гласаа за Украина – оваа победа ни значи многу. Оваа победа ќе го подигне духот и ќе доведе до повеќе победи на сите фронтови“.

Псиук, исто така, рече дека бендот ќе ја прослави својата победа на Евровизија „по војната“, додавајќи: „Луѓето гинат во војна или се борат во војна или ги губат своите работни места во Украина, тоа навистина не е најдобрата основа за прослави“.

Тој додаде: „Нашата култура е нападната. Сакавме да ја претставиме нашата музика на светот синоќа. Ја напишав евровизиската песна за мајка ми пред војната – но потоа таа почна да добива поинакво значење за различни луѓе.

„Се враќам дома бидејќи водам волонтерска организација која им помага на бегалците со храна, сместување и лекови. Ќе продолжам да го правам тоа. Ќе бидеме домаќини на Евровизија во новоизградената и среќна Украина.’

Синоќа, претседателот Зеленски вети дека ќе ја одржи Евровизија во Мариупол следната година.

Украина заврши со 631 поен, додека ОК заврши на второто место со 466 поени. Шпанија заврши трета со 459, а Шведска четврта со 438.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.