Пејачот Милош Стевановиќ -Григи (39) од Крагуевац е уапсен поради обид да убие двајца негови другари од бендот, како и повредa на полицаец.

Крвавата тепачка се случила  пред кафуле каде тој настапувал со својот бенд кога дошло до расправија и масовна тепачка меѓу нив. Милош потоа го напушти локалот и се вратил подоцна.

Беше пијан и многу лут. Отишол до својот автомобил и зел нож чие сечило е подолго од 12 сантиметри и почнал да ги боде колегите во бубрегот и градниот кош. Била повикана полиција, која се обидела да го задржи налудничавата пејачка. Тој бил совладан и пренесен во болница на преглед, како и двајца негови колеги – вели извор од истрагата.

НАПРАВИЛ ПОВЕЌЕ ПОВРЕДИ

Двајца музичари имале тешки телесни повреди, а според неофицијални информации еден од нив се здобил со повреда на бубрегот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.