Српската пејачка Лепа Лукиќ (81) вели дека е вистина она што го зборува сопругот на покојната Силвана Арменулиќ, Радмило, дека нејзината љубов кон Томa Здравковиќ во филмот „Тома“ е целосно измислена. Мегапопуларниот филм нуди поинаква приказна, но за Лукиќ тоа е само тоа – приказна.

Така е, љубовта е измислена! Знаете што, само знам дека ние на сцената не знаевме за таа љубов, а Бјелогрлиќ знаеше само за тоа. Не водеа љубов, Тома ми понуди и песна, сакав да ја земам песната, но Силвана доби покана за серија, и требаше да отпее песна, па на Тома му побара да и даде песна. Тој ми кажа дека Силвана му ja побарала, тој и ја дал и подоцна со таа песна стана Силвана Арменулиќ. А за водење љубов, тоа не е точно! Тоа би го знаеле ние на сцената, ама тоа никој не го знае. Како може да имало љубов, а ние тоа не го знаеме, а заедно патувавме!, изјави Лепа.

Лепа во филмот е претставена како уметник кој пие, пуши и пцуе, а истакнува дека никогаш не конзумирала цигари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.