Секс експертите се сложни во едно, жените треба да бидат отворени со партнерот кога станува збор за сексот, бидејќи тоа само ќе ја зацврсти врската и ќе го подобри сексуалниот живот.

Понекогаш станува збор за едноставни работи како воведување новитети во врската. Ова се петте најдобри совети за жените кога се работи за секс.

Бидете отворени за нови работи
Мажите копнеат жените да бидат спонтани и со голема самодоверба во кревет. Разноликоста дополнително го зачинува сексуалниот живот, истакнува д-р Лора Берман. Имајте на ум дека тоа не значи дека треба да правите работи коишто не ви се допаѓаат, туку работи со кои еднакво ќе уживате со партнерот. Бидете отворени во поглед на вашите желби и потреби.

Гледајте порнографија
Сексуалните терапевти велат дека гледањето порнографија е еден од најдобрите сексуални совети кои жената може да ги добие. Тоа истовремено може да биде забавно, истакнува д-р Сара Хантер Мари. Тоа може да биде инспирација за нови разговори со партнерот, како и возбудливи доживувања кои сакате да ги имате со него.

Користете секс играчки
Секс играчките може да бидат забавни, бидејќи се измислени за уживање, немојте да се срамите туку сметајте ги како зачинување на сексуалната атмосфера.

Бидете гласни во кревет
Мажите обожуваат да слушаат звуци на задоволство. Најлошо се чувствуваат кога жената молчи, тогаш не знаат дали ја задоволуваат на вистинскиот начин. Секој партнер сака да слушне дека жената ужива затоа кажувајте си што ве возбудува, што сакате да ви прави партнерот.

Покажете му колку ви значи
За повеќето мажи ова е најважно, сакаат да се почувствуваат како мажи. Затоа им треба мал потсетник дека ги цените, а тоа ќе го направите со вербализација или мали знаци. Галење, допирање, прегратки, бакнежи се дел од поврзувањето со партнерот, работи кои потоа водат до оној возбудлив сексуален дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.