Околу 40 отсто од жените не доживуваат оргазам за време на сексот, а истражувањата покажале дека за оваа статистика подеднакво се виновни и мажите и жените. Жените често доживуваат фрустрација поради кочницата во главата и очекувањето дека мажите им ги читаат мислите, додека мажите често не вложуваат доволно труд и мотивација и често имаат проблеми со комуникацијата.

Ново истражување, пак, покажа дека постои тип на маж кој жените го издвојуваат како најдобар во кревет – „лошите момчиња“ или хипермажите. Се одликуваат со став, гард, лоши навики и голем број сексуални партнери. Овие мажи често не се врзуваат емотивно и не ги ставаат љубовта и сексот во иста реченица. Лошите момци често доминираат во психолошките игри, обидувајќи се да им угодат на жените на свој начин.

Биолошки гледано, жените често ги привлекуваат „лошите момчиња“ бидејќи ослободуваат повеќе тестостерон, што доведува до смелост и изразена сексуалност. Таквите мажи често се емоционално недостапни, што дополнително ја зголемува нивната привлечност, сè додека жените не ја почувствуваат горчината на скршеното срце.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.