На 6 ноември, точно во 11 часот, точно една година од смртта на популарниот фолк пејач Маринко Роквиќ, постхумно е објавена неговата последна песна „Таа ноќ кога ќе умрам“. Станува збор за композиција со текст на Милош Михајловиќ, а музиката е на Миша Мијатовиќ. Како што извести неговиот син Никола, Маринко ја снимил песната неколку месеци пред да дознае дека е тешко болен.

Легендите никогаш не умираат! Можеби само некогаш ќе прошетаат во други светови, и таму да однесат љубов, радост, тага и искрена емоција. Со гордост ја најавувам последната песна на нашиот татко, објави Никола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.