Над десет милиони лица се заразени со коронавирус минатата недела, а починале над 26.000, соопшти Светската здравствена организација. СЗО наведува дека во минатата недела смртноста од Ковид-19 е опадната за 43%

По порастот забележан во првата половина од март, бројот на нови Ковид-19 случаи веќе втора недела по ред е во пад, со 16 проценти помалку случаи во неделата од 28 март до 3 април во однос на седмицата пред тоа, се наведува во извештајот на СЗО.

Во овој период вкупно имало 10.351.818 нови инфекции, и 26.285 смртни случаи.

Пад на бројот на нови случаи е забележан во сите шест глобални региони на СЗО, особено во Африка, Европа и Западен Пацифик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.