Една стара „диета“ промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува сè попопуларна меѓу скопските тинејџерки, aлармира д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.
Како што објаснува, „диетата“ се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.
Повеќенеделното придржување кон оваа „диета“ може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА.
Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија !!
Родители најдете малку време да проверите како се „хранат“ Вашите деца, пред да биде предоцна.
Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.