Црниот дроб е исклучително важен орган во нашето тело бидејќи ги чисти и обработува сите материи кои ги внесуваме преку храната, па со право го носи епитетот на чистач на телото. За да го одржувате што подолго во добра состојба и за да може непречено да работи, важно е да избегнувате храна која може лошо да влијае на него.
Намирницата која може да делува исклучително лошо е фруктозата. Добро познат факт е дека прекумерното внесување на фруктоза го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, но малку е познат факт дека може да го загрози и здравјето на црниот дроб.

Фруктозата е шеќер кој се наоѓа во овошјето како јаболка, банани, цреши, лубеници, круши итн. Покрај тоа, таа е составен дел на многу видови индустриски преработена храна. Ја има во купените сокови, но и во млечните производи, дури и во солената храна. Ако обрнете внимание, тоа ќе го видите на многу декларации, дури и на оние на кои не би помислиле.
АХА (Американската асоцијација за срце) препорачала само 6. отсто од вкупниот број калории да се додаваат од шеќерот. Постои мислење дека жените треба да внесуваат околу 100 калории дополнителен шеќер дневно (тоа е приближно 25 грама), а мажите 150 калории (или 36 грама).
Некои од другите намирници кои негативно влијаат на црниот дроб и можат да го оштетат се алкохолот, пржената храна, пецивата што содржи бело брашно, храната богата со сол итн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.