Американската Управа за храна и лекови (ФДА) денеска соопшти дека моментално достапните вакцини против Ковид-19 не штитат најдобро од сојот омикрон на коронавирусот.

Во соопштението се додава дека без оглед на тоа, дополнителните дози помагаат во заштитата од потешки исходи, објавија американските медиуми.

Се наведува дека ваквиот заклучок следел на состанокот на надворешни експерти од ФДА, на кој се разговарало за временскиот период што е потребен да помине за примање дополнителна доза од вакцината и лицата кои ги исполнуваат условите за истата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.