Пациентите коишто ќе го прележат Омикрон сојот на корона вирусот создаваат антитела што ги штитат од делта сојот, но оние пациенти што прележале делта сој, не се целосно заштитени од омикрон сојот, вели д-р Дејан Докиќ од Клиниката за пулмологија.

Во разговор за Канал 5, д-р Докиќ објаснува дека најчестите симптоми на инфекција со омикрон сојот на корона вирусот се променет вкус, сува кашлица, главоболка и губење на енергијата.

Кашлицата најверојатно се должи на оштетувања на епителот на горните дишни патишта, при што сензорните нервни влакна остануваат соголени и подложни на разни надворешни фактори. Значи, Омикрон сојот не ги напаѓа белите дробови, туку само горните респираторни патишта и има полесна клиничка слика, но она што е важно е граѓаните сами да не се лекуваат и да не пијат антибиотици на своја рака.

 

антителаКорона вирусот ќе остане да живее меѓу нас, но засега сојот омикрон би требало да биде полесен и да го надвладее Делта сојот, кој дава потешка клиничка слика кај пациентите. Лицата коишто ќе прележат Омикрон создаваат антитела кои ги штитат од Делта сојот, меѓутоа лицата коишто претходно прележале Делта сој, не се целосно заштитени, туку само делумно против Омикрон – објаснува д-р Докиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.