Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија.

Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.

Почитуван докторе, мене детето што почина ми е близок роднина, би сакала да ви кажам како дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме. Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки, ако можам да го наречам зафат, не знам ни како да го наречам или интервенција на Ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина. Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осеќа. Во истиот момент оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален предмет, односо беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имас последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели добро ко така нека потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие само му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската греска, се вели во пораката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.