Новороденче пред 10 дена останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство ГАК, откако акушерка ненамерно му нанела повреда, а за немилиот настан добила суспензија.

Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата. Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, соопштија од Министерството за здравство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.