Министерот за здравство Фатмир Меџити информира дека во петокот, 22 декември 2023 година е завршена инсталацијата на линеарниот акцелератор на Клиниката за онкологија.

„Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнивме уште едно ветување. Од страна на производителот и одговорните физичари во установата е потпишан Final Acceptance Certificate – документ со којшто се потврдува дека медицинскиот апарат е инсталиран во целосна согласност со сите спецификации на проектите, составен и инсталиран следејќи ги сите упатства и технички барања согласно производителот Varian Medical Systems. Во наредниот период се очекува воведување во работата и започнување со зрачна терапија на пациентите“, вели Меџити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.