Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 14.01.2024 година во 00 часот и 17 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5.

Како што соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.