Најстудено утрово е во Крушево и во Берово со -12 степени. Во Крива Паланка се измерени -10, во Битола, Штип, Претор и Виница -9, осум степени под нулата е во Охрид, -7 во Прилеп, Струмица и Тетово, -6 во Скопје и Демир Капија, -5 Куманово, а -3 во Дојран и Гевгелија.

УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, а 14 сантиметри во Крушево.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.