Од АМСМ известуваат дека од 08:40ч. е укината забраната за ТМВ на патниот правец Кичево – Гостивар на превој Стража

Останатите активни информации:

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТМВ: Од 06:50ч. се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег врне во Крива Паланка, Маврово и Попова Шапка.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.