Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност и пораст на температурите, особено за време на викендот и почетокот на следната седмица. До недела ќе дува слаб, повремено засилен северен ветер, велат од УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.