Без струја денеска ќе останат дел од општините Аеродром, Кисела Вода и Карпош.

Од ЕВН информира дека во периодот од 08.00 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Благоја Мучето“, „Ернест Телман“ и „Гаврил Константиновиќ“ во општина Аеродром.

Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Бардовци.

Прекин на електрично напојување денеска ќе има и на улицата „Христо Татарчев“ – подулица бр. 22, во општина Кисела Вода, од 09.00 до 14.00 часот.

Во периодот од 11.30 до 13.00 часот, пак, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Дрезденска“, како и објектите на Катастар, Градежен институт на Македонија и Јеховини Сведоци во општина Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.