Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини „Богородица“ и на „Табановце“. Како што информира Авто мото сојузот на Македонија, за излез од земјава на ГП Богородица и за влез во земјава на ГП Табановце се чека околу 45 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.