Нов земјотрес попладне околу 18:20 часот е почувствуван во Делчевско. Ова е втор земјотрес денеска почувствуван од граѓаните, откако утрово земјотрес беше регистриран во Р.Бугарија во околината на Благоевградскиот регион со магнитуда од 3,2 степени, кој исто така се почувствува во повеќе македонски градови во истокот.

Според бугарските медиуми, земјотресите кои биле вкупно четири во текот на денешниот ден, биле на 11 километри длабочина северозападно од Благоевград.

Потресот освен во Делчево е почувствуван и од жителите од другите населени места во крајниот македонски исток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.