На граничните премини кон соседна Грција се чека од 20 до 30 минути, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

Според информациите од АМСМ, на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Дојран времето на чекање е околу 20 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.