Времето утре изутрина ќе биде студено, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје наутро ќе биде студено со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, каде и дневните температури ќе бидат пониски. За време на викендот температурите ќе бидат во пораст за неколку степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.