Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (среда) поради изведување на водоводен приклучок на улица Пролет бб со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата Пролет, Светозар Марковиќ и Мирче Ацев.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот. (општина Центар)

Исто така, на ден 09.03.2023 (четврток) поради технички зафат на затворач ф-600 мм во пумпна станица Гази Баба, можен е прекин на водоснабдувањето во следниве населби: Чаир, Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2 и високата зона во Железара и Автокоманда. Со работење ќе се започне во 09:00 часот до завршување со работните активности. (Град Скопје)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.