Во најголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и по Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Во среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.