Поранешниот телохранител на Анџелина Џоли и Бред Пит, Марк Билингем, се откажал по 17 месеци работа. Неодамна откри зошто.
Кога ја напуштив армијата во 2007 година, завршив како телохранител на познати личности како Анџелина Џоли, Бред Пит, Расел Кроу и Мајкл Кејн. Заработував многу добри пари – три пати повеќе од она што заработував во армијата. Мислам дека беа повеќе од 10.000 фунти месечно, вели Билингам за „Daily Mail“.
Тој период го памети како добар период од животот, но работното време не му дозволувало да помине доволно време со семејството.
Зад затворени врати, познатите личности се само нормални луѓе. Тие се смеат и се шегуваат… Тие секогаш ме почитуваа. Ако речев дека има безбедносна причина зошто не можам да сторам нешто, тие тоа никогаш не го доведуваа во прашање – ми веруваа 100 отсто, вели тој.
Сепак, тој го избрал своето семејство.
Станав како татковска фигура за нивните деца, рече тој за работата со Џоли – Пит.
Немав приватен живот. Бев исцрпен, повеќе не можев да издржам.. Немав семеен живот. За 17 месеци дома бев само шест недели. Едноставно беше премногу, открива тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.