Меган и Хари конечно ја покажаа Лилибет со фотографија од прославата за нејзиниот прв роденден – со впечатливата коса, малото девојче е копија на принцот.

Меган Маркл и принцот Хари го прославија првиот роденден на ќерката Лилибет со мала приватна забава во Англија. Сега, тие за споделија и фотографија од Лилибет која наводно е направена за време на прославата.

Малото девојче изгледа преслатко со светлосин фустан, а најмногу внимание привлекува нејзината коса што ја наследила од татко ѝ.

Викендов Меган и Хари беа во Англија, а со нив беше и Лилибет која првпат се запозна со членовите на кралското семејство.

Парот ја посети Англија по повод Платинестиот јубилеј на кралицата, но се појавија на само еден настан и го прескокнаа финалето во недела. Всушност, додека траеше парадата, тие веќе биле на пат кон нивниот дом во Америка.

Според извори блиски до парот, Меган и Хари биле пресреќни за бројните честитки што ги добиле за роденденот на Лилибет и се благодарни за многуте донации во разни добротворни организации што биле направени во нејзина чест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.