Откако неколку меѓународни новинарски агенции ја повлекоа фотографијата на принцезата Кејт од Велс и нејзините деца поради загриженост дека таа е монтирана, на оваа тема се огласила и таа извинувајќи се, како што вели, за забуната што ја предизвикала.

Во објава на социјалната мрежа Иск, принцезата Кејт признава дека направила измени на фотографијата, нешто што го дозволува и самата апликација на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа таа се извинила за забуната што ја предизвикала објавувајќи ја семејната фотографија.

Како и многумина аматери фотографи, понекогаш експериментирам со можноста за измена и обработка на фотографии. Се извинувам за каква било забуна со фотографијата која вчера ја објавивме. Се надевам дека сите го прославивте Денот на мајката, напиша таа на Икс.

Фотографијата беше објавена на официјалниот инстаграм-профил насловен како принцот и принцезата од Велс на која се гледа како принцезата Кејт насмеана седи на столче и е опкружена со своите три деца, принцот Џорџ кој стои зад неа, а принцезата Шарлот и принцот Луис кои стојат од нејзината лева и десна страна.

Ова беше прва официјално објавена слика на принцезата откако таа во јануари годинава беше подложена на операција на абдоменот. Изминатите неколку недели во јавноста, особено во Англија, имаше и интензивни шпекулации поврзани со нејзиното здравје.

Неколку новински агенции ја повлекле претходно објавената фотографија со образложение дека се работи за манипулација, пренесува „Индепендет“.

Новинските агенции побарале од клиентите да ја повлечат фотографијата од сите платформи. Асошиејтед прес објавил дека фотографијата на Кеј и нејзините деца е повлечена од порталот и истовремено тоа го бара од сите претплатници кои ја презеле веста и фотографијата.

Оттаму велат дека забележале неконзистентност во порамнувањето на левата рака на принцезата Шарлот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.