Бенџамин Хулберг (21) пред неколку месеци на Фејсбук напишал дека се обидува да најде биолошка мајка и дека контактирал со агенции за посвојување, направил ДНК тестови и се запишал во регистарот на посвоеници, но дека сето тоа било неуспешно.

Потоа добил порака од Холи Ширер (36) во која му го честита роденденот. Бидејќи не се познавале, Ширер му објаснила дека пред 20 години ја донела „најтешката одлука во животот и го дала своето прекрасно бебе на посвојување“.

“Секогаш мислев на него. Особено на празници или на неговиот роденден, секогаш беше виор од емоции”, изјави Холи за „Добро утро, Америка“.

Таа го родила Бенџамин како тинејџерка, а првите неколку години одржувала контакт со Анџела и Брајан Хулберг, кои го посвоиле Бенџамин. Сепак, тие изгубиле контакт во 2004 година, кога агенцијата која посредување при посвојувањето се затворила.

Таа за медиумите изјавила дека конечно го пронашла на социјалните мрежи, кога Бенџамин имал 18 години. Таа признава дека се двоумела дали да стапи во контакт со него: “Толку многу се случувало во неговиот живот во тоа време… Последното нешто што сакав беше да го вознемирувам. Така, некое време само го гледав од далечина”.

Бенџамин, пак, рече дека точно се сеќава на моментот кога ја примил нејзината порака со објаснување. Тој реагирал многу емотивно: “Плачев. Сите емоции беа позитивни. Тоа беше ден кој го чекав 20 години и беше неверојатно кога сфатив дека ова навистина се случува”.

Тие се сретнале веќе следниот ден, а со нив биле и нивните семејства. Холи раскажала како првпат ги запознала Анџела и Брајан и дека Бенџамин дошол по неколку минути: „Ме допре по рамото и веднаш ме обзеде радост. Се гушкавме и плачевме пет минути, не можев да верувам дека тоа се случува. ”

Во разговорот сфатиле дека навистина не биле физички оддалечени еден од друг. Имено, Холи е вработена во болница во Солт Лејк Сити, а Бенџамин волонтирал во таа болница во последните две години. „Секој ден поминував покрај одделот каде што тој волонтираше. Се паркиравме во иста гаража, можеби на истиот кат, немав поим дека всушност сме биле толку блиску“, рече Холи Ширер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.