Откажани се денешните настани од манифестацијата ,,Недела на виното” во Неготино, поради прогласениот ден на жалост, информира Методи Митрев, портпарол во Општината.

Се работи за настаните предвидени во програмата по повод одбележувањето на ,,Свети Трифун”, што се смета за заштитник на лозарите и винарите. Откажувањето на планираните активности е согласно одлуката на Владата, за прогласување на денешниот ден за ден на жалост, во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, појаснува Митрев.

Тој додава дека во текот на утрешниот ден, ќе се реализира предвидената програма за одбележување на празникот. Централниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток од 12 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.