Љубиша Тошиќ од српското село Трнавска Река, почнал необичен и профитабилен бизнис.

Тој засадил дрво пауловнија кое брзо расте и за три години од него може да се заработат 50.000 евра.

Вели дека ова е добар бизнис за во помалку развиени места, може да биде основен приход, еднакво како луѓето да нашле гас во својот имот.

Садниците се одгледуваат под лед светилки.

Пауловнија може да се сади на ниви највеќе до 1200 метри надморска височина, и за година дена расте до 4 метри“- вели Тошиќ за српски Телеграф.

За стакленик  и садници вложил 25.000 евра, но очекува да му се вратат многу повеќе пари. Како и секоја друга билка, и пауловнијата бара наводнување.

Во Европа ова дрво го промовирале Германците, и тоа е замена за енергент. 

Тој се користи како замена за јаглен.

Тошиќ смета дека ако се направат фабрики за преработка на пауловнија, тоа би било голема шанса за Прешево.

извор: maskimagazin.faktor.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.