Утринава, во маркетот „Лидл“ во Лесковац имало „нова тажна ситуација“ снимена на камерата во супермаркетот, кога муштериите, главно пензионери, се грабале за свинска плешка од 200 денари на распродажбата, па дури и почнале да си скокаат еден на друг, пренесува порталот„ Решетка“.

„Работата е што не само што беше евтина, туку постоеше огреничување на само три килограми. Оваа слика е тажна и покажува колку ‘добро’ всушност живееме“, коментира читателот кој го испрати видеото од грабежот.

Во второто видео, покрај генералниот грабеж за евтино месо, може да се видат и сцени купувачите се тепаат меѓу себе со чадори.

Неодамна љубителите на ќебапи направија хаос во неколку продавници на „Лидл“ во Србија, борејќи се да добијат пакувања по ниска цена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.