Енергетската криза ја наметна потребата од вложување на еко зелени хотели долж Охридското езеро. Главната причина е заштита на животната средина согласно препораките на УНЕСКО но и заштеда на електрична енергија. Согласно последните студии, туристите се подготвени да платат повеќе за да бидат во хотел чиј персонал се грижи за околината.

Добрите познавачи посочуваат дека недостигаат и препознатливи хотелски капацитети од светски познати ланци.

Еко хотелите се појавија како зголемен вид побарувачка за одмор во природа во последните 20 години. Главната цел на еко хотелите е да ги освестат гостите за нивната одговорност кон животната средина и да им помогнат да го минимизираат нивното негативно влијание врз природата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.