Барбара Волтерс, првата жена водителка на вечерни вести во Америка и едно од најпрепознатливите лица на американската телевизија, почина во својот дом во Њујорк на 93 години.

Веста ја објави телевизијата „Еј-Би-Си“, каде што Волтерс го помина најголемиот дел од својата кариера. Нејзините почетоци се на „Ен-би-си“ во „The Today Show“ во текот на 1960-тите, и работеше како сценарист и продуцент.

Таа влезе во историјата како првата жена која беше дел од вечерниот водителски пар на вести, кој дотогаш беше позиција исклучиво за мажи.

Волтерс го започна популарното целосно женско ток-шоу „The View“ во 1997 година, а во текот на нејзината кариера стана позната по интервјуирањето со највлијателните и најмоќните луѓе ширум светот. На списокот на луѓе со кои имала многу интересни разговори биле поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, британската премиерка Маргарет Тачер, либискиот лидер Моамер Гадафи, ирачкиот владетел Садам Хусеин и секој од американските претседатели со нивните сопруги, почнувајќи од Ричард и Пет Никсон. .

За својата работа доби 12 Еми награди, а 11 ги освои додека работеше за ABC, објави таа телевизија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.