На 19 јануари се очекуваат гости од земјава, а во помал број странски туристи. Скокачите по крстот може да се пријават во секоја парохиска црква, а за забавата на градскиот плоштад ќе се погрижи музичката група Чалгија саунд систем.

Во пресрет на големиот христијански празник Градското пристаниште каде капачите ќе влегуваат по чесниот крст се уредува. Изминативе денови членовите на нуркачките клубови го чистеа дното на Охридското езеро, а ЈП „Охридски комуналец“ се вклучени во темелно чистење на Градското пристаниште каде верниците влегуваат во езерските води. Дополнително екипи на ЈП „Охридски комуналец“ го украсуваат градот.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Заинтересираните капачи кои сакаат да бидат дел од настанот, своето учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во Охрид.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“, напиша Пецаков на својот фејсбук профил.

Ние настаните за Водици ги испромовиравме пред Нова година. Но, гости претежно ќе се од околните градови и од Македонија. Можеби треба да се размислува за некои понуди заедно со угостителите и Хотам, за понуди во Охрид кои ќе се дадат на крајот од летото и почетокот на есента, да се промовираат одредени пакети и програми за да се привлечат повеќе странски гости, вели Пецаков.

 

Илче Ристески од Дебарско-кичевската епархија, информира сите кои сакаат да скокаат по крстот може да се пријавуваат во парохиските цркви. Таму ќе ги добијат насоките за учество во чинот на осветувањето на езерските води.

„Богослужбата започнува во 7 часот, а положувањето на светиот крст во водите на езерото ќе е во 10 часот. Централната Богослужба ќе е во храмот Успение на Св. Богородица во Каменско со која ќе чиноначалствува владиката Тимотеј. Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви, Св. Никола Геракомија, Варош и Св.Ѓорѓи, Влашка маала и во останатите храмови“, укажува Ристески.

На 20 јануари, традиционално на Сараиште, ќе се одбележи и Денот на рибарите. За оваа манифестација ќе има музика, храна и вино, а за забавата ќе се погрижи охридскиот музички еснаф.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.