Носорог во зоолошката градина во Салцбург нападнал и убил 33-годишна негувателка на животни за време на утринското хранење и тешко повредил 34-годишен врбаотен, кој дошол на помош на колешката. Несреќата се случила вчера рано наутро во заграден простор со бели носорози, од кои едниот нападнал и усмртил чувар на животни и тешко повредил колешка која и пришол на помош. Тој поради сериозни повреди е пренесен во болница, јавува германската агенција dpa.

Зоолошката градина беше затворена цел ден во вторникот поради инцидентот. Полицијата ги истражува околностите на несреќата, а дополнителни информации ќе открие на утринската прес-конференција.

Во зоолошката градина во Салцбург во последните неколку години се случија неколку инциденти. Негувателите, меѓу другото, морале да ловат и избегани пингвини и гепарди. Ова исто така не е прва фатална несреќа од ваков вид во Австрија. Во виенската зоолошка градина Шенбрун,негувателка почина во 2002 година кога ја нападна јагуар. Уште еден вработен во истата зоолошка градина починал во 2005 година, откако бил прободен од слон.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.