Група од 21 планинар се водат за исчезнати на индиските Хималаи кога беа заробени од лавина во северна Индија, соопштија денеска официјални лица.

На планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасувачите од снегот извлекоа осум планинари, а потрагата по преостанатите 21 сè уште трае, изјави началникот на полицијата во Утараханд, Ашок Кумар, пренесува АП.

Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори, објави „Ројтерс“.

Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптера во потрага по исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд. Минатата година пукна глечер, што резултира со поплава, во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.