По САД и поранешниот СССР, Кина е третата земја која откри нов минерал на Месечината, а интересно откритие е дека тој минерал содржи изотоп кој могумина го сметаат за гориво на иднината.

Проучувајќи ги честичките собрани на Месечината, со помош на рендгенски зраци истражувачите од Институтот за геологија во Пекинг пронашле лунарен базалт. Државните медиуми јавија дека научниците одлучиле да го наречат Чангесит-(Y) во чест на кинеската божица на Месечината и додаваат дека Комисијата за нови минерали, номенклатура и класификација потврдила дека се работи за нов минерал.

За време на мисијата Chang’e 5 (嫦娥五号) која слета на Месечината во октомври 2020 година, прв пат после половина век беа собрани примероци од месечевата прашина. Научниците објавија дека во таа прилика биле собрани вкупно 1,73 килограми примероци од површината, по што на Земјата биле извршени испитувања на истите кои довеле до низа откритија – меѓу кои се и исклучително ситни кристали од минерал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.