Добитници на годинашната Нобелова награда за физика се Французинот Ален Аспе, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Цајлингер за нивната пионерска работа во квантната механика.

Од Нобеловиот комитет соопштија дека нивните резултати го отвориле патот за нова технологија заснована на квантни информации.

Ефектите на квантната механика почнуваат да наоѓаат примени, а сега постои големо поле на истражување кое вклучува квантни компјутери, квантни мрежи и безбедно шифрирана квантна комуникација – се наведува во соопштението.

Минатата година наградата ја добија тројцата научници Сјукуро Манабе, Клаус Каселман и Џорџо Паризи, чија работа помогна да се објаснат и предвидат комплексните сили на природата, а со тоа да се прошири нашето разбирање за климатските промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.