Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 јануари.

Денеска е Преподобен Гаврил Лесновски.

Тој бил родум од Македонија, Словен по потекло, од село Осиче, паланечко. Живеел во 11 век.

Свети Гаврил бил монах пустиножител. Се подвизувал 30 години во Лесновската планина близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир. Во манастирот се вратил пред својата смрт.

Манастирот Свети Гаврил Лесновски е еден од најубавите во Македонија, но и на Балканот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.