Огласот на Јовица, преку кој тој бара жена, ги запали социјалните мрежи, не затоа што на овој начин бара животна сопатничка, туку поради условите кои мора да ги исполни неговата идна сопруга.

Барам сериозна жена за брак, од 25 до 35 години. Потребно е да се достави фотографија од лична карта, извод не постар од шест месеци, државјанство, диплома од четиригодишно училиште или факултет, пет фотографии од целата фигура, потврда дека не е осудувана. Пожелно е да биде бринета, гради четворка, задник во облик на јаболко, висина од 165-175см, килограми до 80. Да носи чевли до број 40, да нема вештачки нокти, коса, дека не ги кубе веѓите, бара Јовица.

Услов е и до сега да не е мажена, да има возачка дозвола и д знае некои боречки вештини.

Пожелно е да е од Нови Сад или неговата околина, задолжително да знае руски јазик, да сака животни, особено кучиња, да не спие до 10 часот и да не лежи по 23 часот. Да не гледа турски и индиски серии, само домашни снимени пред 2000 година, бара младоженецот.

Јовица додава дека невестата мора да сака природно цвеќе, да не пие газирани пијалоци и  никогаш да не била во „Мекдоналдс“.

Би ги замолил заинтересираните дами да направат детален лекарски преглед и тест за бременост и да ми ги испратат резултатите, би сакал ако е можно таа да биде невина, што е тешко. Дами, доколку исполнувате 70 проценти од овие услови, стапете во контакт, ги знаете моите квалитети, пишува Јовица.

Авторот на огласот, Јовица Кукиќ:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.