Трет ден нема ништо ново од потрага по 22-годишниот кумановец Е.Р. кој со возило падна во реката Вардар кај Желино, тетовско. Таткото на момчето, Насер Рамадани ги повика институциите да го најдат син му – жив или мртов.

Повикувам да ми го пронајдат син ми. Задоволен сум од селаните, многу придонесоа, вели Насер за ТВ 21.

Дали институциите се на терен, гледам дека има полицајци, пожарникари и нуркачи?

– Вчера беа малку, денеска повеќе. Се надевам да го најдат.

Рековте дека сте биле на печалба, кога ја добивте веста? Кој ве извести?

– Мене ме извести брат ми, бидејќи уште еден од моите браќа е на печалба. Бев на работа и ми кажа дека направил сообраќајка и дека паднал во вода. Вчера чекавме од 5 часот, а претставници на институциите дојдоа во 12.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.