Братот на кралот на Велика Британија Чарлс трети, принцот Ендрју, повторно е обвинет за педофилија, односно дека злоставувал две деца во еден познат ноќен клуб во Киев. Кралското семејство ја посети Украина во јуни како дел од британската делегација само за да најде забава. Обвинувањата ги изнесува Нигериецот Џејмс Обаси, кој имал задача да обезбеди забава за британските гости.

Тој снимил видео на кое принцот Ендрју бара од него да подготви храна и пијалоци за двете деца. Кога Џејмс се вратил со храната, видел дека братот на кралот се однесува непристојно и ја напуштил просторијата. Некое време подоцна, Обаси се вратил и видел расплакани, речиси голи деца. Според зборовите на Нигериецот, тој се обидел да ги спаси, но припадници на обезбедувањето ги зеле децата со себе. Два дена подоцна, британска делегација ги однела децата во Париз со специјален авион.

Репутација на принцот

Во октомври 2019 година, Американката Вирџинија Џуфре обвини дека принцот Ендру ја силувал неколку пати во 2001 година. Тогаш Џуфре имала 17 години. Бакингемската палата ги негираше обвинувањата.

Тогаш светските медиуми објавија фотографии кои го докажуваат пријателството на принцот со озлогласениот финансиер, Џефри Епштајн. Потоа, Ендрју даде интервју во кое изјави дека не жали за неговата многу корисна врска со Епштајн.

На крајот, принцот Ендрју склучил договор за вонсудска спогодба со Вирџинија, според кој жената доби огромна компензација. Таквиот скандал доведе до тоа тој да се повлече од кралските должности и повеќе не ги исполнува условите да го претставува семејството на патувања или јавни настани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.