Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент кога една постара жена смртно ја удрила тула во главата додека го чистела снегот пред нејзиниот дом во Њујорк, пишува „Дејли мејл“.

Дејл Сингер (74) билa итно пренесенa во болница откако се урнал бетонскиот дел околу влезната врата.

Сведоците рaскажаа дека жената штотуку се свртела да ја заклучи вратата на 6-та авенија во Бруклин кога била згмечена од тулата.

Соседката Мијра Мартинез рече дека Сингер изнајмила дуплекс во градска куќа од 19 век со нејзиниот сопруг и ќерка.

„Таа беше многу фина дама и многу ми е жал што вака почина“, додала таа.

Полицијата која пристигнала на местото на настанот се обидела со да ја спаси, пред жената да биде пренесена во болница во критична состојба. Подоцна била прогласена за почината.

Трагедијата се случила додека Њујорк се бори со една од најлошите зимски бури во последните две години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.