Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на седмиот ден од руската воена интервенција во земјата и борбите во повеќе градови, изјави дека досега загинале речиси 6.000 руски војници и дека Русија нема да може да ја преземе неговата земја со бомби и воздушни напади.

Зеленски порача дека постапките на Русија покажува оти за многу луѓе во Русија „неговиот Киев е апсолутно туѓ“.

Тие не знаат ништо за Киев, за нашата историја. Но, сите имаат наредба да ја избришат нашата историја, да ја избришат нашата земја, да не избришат сите нас – изјави Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.