Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги повика полските и европските лидери да се сретнат на полско-украинската граница за да разговараат за новите блокади на полските земјоделци незадоволни од нелојалната конкуренција на евтините земјоделски производи од Украина.

Доста ни е од недоразбирања. Не треба да се понижуваме едни со други. Ни треба единство и решенија за Полска и Украина во рамки на Европа. Господине премиер Туск, дојдете на границата. И вие претседателе Дуда поддржете го овој дијалог. Во прашање е националната безбедност. Не треба да го одложуваме ова прашање. Деновите што следат ни даваат можност да го решиме овој проблем“, посочи Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.