Бројот на нови случаи на коронавирус во Шангај продолжува благо да се намалува. Шангај вчера пријави 274 случаи на Ковид преку локална трансмисија, како и 5.395 локални асимптоматски случаи, соопшти денеска општинската здравствена комисија.

Во моментов, повеќе од половина од жителите на Шангај живеат во помалку ризични „превентивни области“ според најновото прилагодување на градот на неговата тристепена класификација на ризичните области во однос на Ковид-19.

Од неделата, над 15,1 милиони жители, или околу 60 отсто од постојаното население на градот, живеат во зони на претпазливост без извештај за инфекции во текот на изминатите две недели, според Жао Дандан, заменик директор на здравствената комисија.

Од останатите, 2,76 милиони жители се во зони на заклучување (локдаун) и 5,51 милиони во контролирани зони, каде сè уште се спроведуваат строги мерки за контрола на епидемијата врз основа на резултати од тестови. Многу населби, кои припаѓаат на зоните на претпазливост од 1 мај дозволуваат едно лице по семејство да ја напушти заедницата, но не повеќе од четири часа дневно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.