Од Кабинетот на францускиот претседател информираа дека Емануел Макрон денеска ќе разговара телефонски со рускиот колега Владимир Путин.

Макрон и Путин немаат разговарано од 29 март, но, дотогаш беа во постојана комуникација.

Обидите на Макрон да одржи отворена комуникација со рускиот лидер, беа критикувани од поединци од дома, но и од странство, вклучително и од полскиот премиер.

Mоја должност е да зборувам со него, нас тоа ни е потребно. Нема да запрам, изјави тој за француски весник минатиот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.