Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска предупреди дека пристапувањето или на Финска или на Шведска во НАТО ќе предизвика сериозен одговор од Москва.
Зборувајќи на брифингот со новинарите во Москва, Захарова се закани ако која било од нордиските земји се обиде да се приклучи на безбедносната алијанса, тоа „ќе има сериозни воени и политички последици што ќе бараат од нашата земја да преземе реципрочни чекори“, објавија руските новински агенции.
Ние ја сметаме посветеноста на финската Влада на воена политика на неутралност како важен фактор за одржување безбедност и стабилност во cеверна Европа, рече Захарова.
💬#Zakharova: We regard the Finnish government’s commitment to a military non-alignment policy as an important factor in ensuring security and stability in northern Europe.
☝️Finland’s accession to @NATO would have serious military and political repercussions. pic.twitter.com/eCY5oG23rL
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) February 25, 2022
Финска соработува со безбедносната алијанса за некои прашања и присуствуваше на денешниот состанок во Брисел, иако официјално не е членка на блокот.
Минатиот месец, премиерката Сана Марин рече дека е „многу малку веројатно“ Финска да аплицира за членство во НАТО за време на нејзиниот мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.