Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, го обвини Вашингтон за координирање на воените операции во Украина, што го нарече директно мешање во воените дејствија против Русија.
Во суштина Вашингтон ги координира и развива воените операции, затоа, директно учествува во воените дејствија против нашата земја – напиша Володин на Телеграм.
Британските медиуми пренесуваат дека Вашингтон и европските партнери од НАТО го снабдуваат Киев со оружје, но САД и НАТО неколку пати соопштија дека самите нема да учествуваат во борбите, за директно да не влезат во конфликтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.